Weekly News

Logo

02/11/2018

Симулациска вежба TTX Toxic Shield


Од 29-31.10.2018 година, во Дом на АРМ се одржа симулациска вежба (TTX Toxic Shield),  за тестирање и валоризирање на Стратегијата и Акцискиот план на Република Македонија за справување со пролиферација на оружје за масовно уништување и заштита од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

Вежбата се организира во координација со Национално координативното тело за превенција, намалување на ризиците и заштита од хемиски, биолошки, радијациони и нуклеарни оружја и материјали, Министерството за одбрана на РМ, Центарот за безбедносна соработка RACVIAC од Р. Хрватска, Европската команда на САД (EUCOM) и Агенцијата на САД за намалување на ризици (DTRA).

За време на оваа работилница пристигнаа околу стотина различни суппозиции со настани како во светот, поблискиот регион, а исто така и во нашата држава, се со цел да се прикаже глобалното значење на заканите од оружје за масовно уништување и потребата за негово следење и превенција од пошироки размери.

 Дирекцијата за заштита и спасување активно беше вклучена со двајца претставници во преземање на мерки и активности од превентивен,  и подготвителен карактер  како и мерки и активности при реакција во случај на  хемиски закани, епидемија, експлозии, сајбер криминал и сл.

Овие симулирани комплексни настани имаа за цел: соработка и консолидирано решавање на исклучиво сложени проблеми меѓуинституционално, како и да се утврдат слабостите на безбедносниот систем при ваков тип на закани, особено наведувајќи ситуации од терористички аспект или последици од споменатите.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации