19/04/2024

37.регионален состанок на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за земјите од Југоисточна Европа DPPI SEE

На првиот ден од одржувањето на 37. Регионален состанок на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за земјите од ЈИЕ, се разговараше на следните теми: Информирање за статусот со потпишувањето на Договорот помеѓу државата домаќин Босна и Херцеговина и земјите членки на ДППИ ЈИЕ, со што се регулира правниот статус на Иницијативата;  информирање од страна на Секретаријатот на ДППИ ЈИЕ за реализација на буџетот за 2018 и запознавање со предлог - буџетот за 2019 година; се разгледа предлог планот за активности за наредната година, по кој дополнително ќе се дадат мислења и забелешки; се разгледа и усвои тренинг програмата за 2019 година. Се предложија и нови концептуални решенија, за кои државите членки дополнително ќе се произнесат. Состанокот продолжува во среда 7 Ноември 2018 год.