19/04/2024

Завршни активности на вежбата “Есенска бура”-Криволак 2018

Дирекцијата за заштита и спасување која зема учество во вежбата “Есенска бура”-Криволак 2018 година, денес и официјално ја затвори истата.
Единицата на спeцијални задачи ЕЗС “Тигар” и армиските  “Волци” работеа на уништување на терористичка ќелија во која учествуваше екипа од хeликоптерската единица при МВР. Единиците од Здружената оперативна команда работеa на воено асистирање, заедно со припадниците од ренџерскиот баталјон, додека припадниците на ДЗС подигнаа бегалски камп.
Во вежбата ДЗС успешно згрижи 30 внатрешно расселени лица, на кои им беше пружена прва медицинска помош, им беа дадени топли напитоци и обезебедено разговор со психолог поради стресната ситуација во kоја се најдоа.
На вежбата учество земаа околу 400 припадници од сите единици, од кои 30 од ДЗС, двајца од ЦУК, 50 од МВР и 318 војници на АРМ.
Преку ваквата соработка со АРМ и МВР преку синхронизирани акции и координиран пристап, констатиравме дека имаме огромен потенцијал за ефективно справување со кризини ситуации од секаков облик.