28/03/2024

Хуманитарна василичарска дружба „Сите под еден чадор“

Во понеделник 14. I 2019 г. со почеток од 16 ч, во Ресторан „Амбрела“ ќе се одржи Хуманитарна василичарска дружба под наслов „Сите под еден чадор“.
Настанот е организиран од страна на Филозофскиот факултет во Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.
Хуманитарната василичарска дружба означува почеток на серија настани во 2019 г. со цел за подигнување на општествената одговорност на институциите и приватниот сектор во РМ за децата со посебни потреби. Целта е, со првиот настан, со собраните средства да се купат дидактички материјали за работа со деца со посебни потреби за градинки од општина Гази Баба.
За таа цел на влезот во ресторанот Амбрела ќе биде поставена кутија за донации, а 20% од целокупниот промет за време на настанот ќе биде наменет за купување на дидактичките материјали.
Настанот ќе започне со прес конференција на проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет и г-н Аднан Џаферовски, Директор на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, а ќе продолжи со настапи на наши познати музички уметници.

Ве покануваме да ни се придружите на овој хуманитарен настан.