20/04/2024

Расчистен патниот правец кон с. Горно Мелничани

По добиената дојава од страна на двајца жители на с. Горно Мелничани, општина Центар Жупа, Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување-Дебар излезе на терен со што направи брза процена и со дадените препораки на Општината патот е расчистен.
Двајцата жители денес на пладне беа успешно евакуирани, а патот може непречено да се користи.
ДЗС и понатаму активно е вклучено за надминување на проблемите кои произлегуваат со снежните наноси во земјава.
Апелираме до Единиците на Локалната самоуправа да ги стават на располагање сите свои расположливи ресурси за заштита на граѓаните согласно Законот за заштита и спасување.