28/03/2024

Отворена дводневната обука за учесниците од ТППЕ за користење на хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди

На ден 16.04.2019 година, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-динот Аднан Џафероски, ги поздрави присутните и ја отвори дводневната обука за учесниците од ТППЕ за користење на хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди во Република Северна Македонија. Оваа обука се спроведува во соработка на Дирекцијата за заштита и спасување со АРМОР ПЛУС ДОО увоз-извоз, со посредство на Холанската амбасада во Скопје, на 16 и 17 Април, 2019 година во просториите и капацитетите на ТППБр на Град Скопје. Обуката ја спроведуваат овластени лица од компанијата ХОЛМАТРО од Холандија и на истата присуствуваат 59 пожарникари од земјава и 4 гости-пожарникари од Република Хрватска.