28/03/2024

Светски ден на бегалците

Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година.
Низ светот има близу 60 милиони принудно раселени лица, а дневно околу 43 000 луѓе бегаат од своите домови барајќи заштита надвор од територијата на својата држава.

Во знак на солидарност со бегалците, тврдината Кале вечерва ќе биде осветлена во сина боја. Осветлувањето на тврдината Кале е своевиден симбол на солидарноста и поддршката кон бегалците – една од најранливите категории на луѓе на планетата, од кои половина се деца.
И Дирекцијата за заштита и спасување се приклучува кон одбележувањето на овој ден, со давање поддршка за луѓето кои немале друг избор освен да избегаат од своите домови.
Бидејќи, светот на солидарност, хуманост и добрина започнува од секој од нас.