29/03/2024

ДЗС на Summerland 2019 ја промовираше кампањата за заштита од пожари

Во склоп на Кампањата за намалување на ризиците од пожари, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување вчера на 20.07 имаше свој штанд на "Summerland 2019". На посетителите им беа поделени прирачници за намалување на ризиците од пожари и од страна на професионалци од Дирекцијата за заштита и спасување им беше демонстрирана работата на пумпата за гасење пожар. ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ КОИ СЕ ПОДГОТВЕНИ! ПРИРОДАТА Е НАША ОДГОВОРНОСТ!