Weekly News

11/08/2019

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ АКТИВНО СЕ ВКЛУЧИ ВО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ ВО ДЕПОНИЈАТА ВО РУСИНО, ГОСТИВАР


Дирекцијата за заштита и спасување уште во доцните часови активно беше вклучена во акцијата за гасењето на пожар кој ја зафати депонијата во Русино, Гостивар.   Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски заедно со вработените од Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар и утринава  беа на терен, кој поради извршување  на градежни работи е непристапен. За справување со пожарот  Дирекцијата за заштита и спасување ангажираше градежни машини  како поддршка на ТППЕ Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар.
Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен се до конечно гасење на пожарот во депонијата.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации