Weekly News

10/10/2019

Меѓународна обука и вежба „Environment and Emergencies Training – Simulation Exercise“


Изминатава недела од 6-11 Октомври, 2019 год., во Скопје се одржа меѓународна обука и вежба „Environment and Emergencies Training – Simulation Exercise“ на која учествуваа 30 претставници од институциите во земјата и останати држави.

Од исклучителна важност за животната средина е тоа што ваков вид на обука и вежба се одржува во Р. Северна Македонија, во организација на ДППИ ЈИЕ и Дирекцијата за заштита и спасување, со поддршка на експерти од ОН – Канцеларијата за координација на хуманитарни работи.
Обуката започна со предавања и подготовка и последователно на тоа, во четврток на 10 Октомври, 2019 год. се одржа симулациската вежба на пет локации во Скопје, од кои една од нив депонијата „ДРИСЛА“. По успешното завршување на вежбата, на учесниците им беа доделени сертификати од ОН, ДППИ ЈИЕ и Дирекцијата за заштита и спасување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации