28/03/2024

Ј А В Е Н О Г Л А С за вработување на 5 (пет) лица на определено време

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија, врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 5 (пет) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  1. Раководител на Подрачно одделение за заштита и спасување Крива Паланка, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана, образование или правни науки  
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен да има ниво на квалификации, 
  • Работно искуство: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку 1 година работено во јавен сектор, односно 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор
  • положен испит за административно управување

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 29.693,00 денари за работното место под реден број 1

  1. Советник за планирање и организирање на обука по хуманитарни мерки за заштита и спасување, Одделение за  обука, Сектор за превенција, планирање и развој– 1 извршител

Кандидатот  покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Одбрана, Образование, правни науки
  • Стручни квалификации:  ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 26.253,00 денари за работното место под реден број 2

  1. Советник за урбанистички планови, Одделение за издавање на урбанистичка согласност, Сектор за превенција, планирање и развој– 1 извршител

Кандидатот  покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Градежништво и водостопанство, Архитектура, урбанизам и планирање, Текстилна технологија
  • Стручни квалификации:  ниво на квалификација  VI A според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 26.253,00 денари за работното место под реден број 3

  1. Помлад соработник за пополна на штабови, единици и тимови за брз одговор со персонал одделение за организациско мобилизирачки работи во Сектор за оператива и логистика

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана, образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 4

  1. Самостоен референт организатор за одржување на моторни возила, Одделение за техника и материјално – техничко опремување, Сектор за материјално – техничко опремување и градежно техничко одржување на објекти

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо, средно машинско, гимназија
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 16.464,00 денари за работното место под реден број 5

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оригинал или копија уверение за државјанство

2.Доказ за општа здравствена способност/лекарско уверение оригинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оргинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)

7.Доказ за познавање на компјутерски програми/потврда-сертификат-оригинал или копија

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок– одделение за специјализирани услуги со воздухоплови  во Меѓународен Аеродром Скопје - Скопје.

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелевски,, бр. 8 - Скопје касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.                                               

                   

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ