Weekly News

22/09/2020

Тридневна обука и вежба на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор


Изминатиот викенд (18-20.09.2020), Дирекцијата за заштита и спасување одржа тридневна обука и вежба на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор.
На вежбата која се одржа во Маврово (автокамп) беше тестирано Упатство (Протокол) за постапка и делување со превземање на заштитни мерки за справување со КОВИД-19 на Републичките сили за заштита и спасување, Тимовите за брз одговор и Просторните сили за заштита и спасување, за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.
На тридневната активност беа тестирани човечките и материјално техничките средства во повеќе сценарија, како што е начин на пловидба и спасување на давеник, спасување на планина, спасување од јами , изработка на жичарница и техники на спасување на планина и вода.
Во вежбите беа вклучени тимови од Битола за спасување од планина, тим за спасување од рударски несреќи од Пробиштип, тим за спасување од планина од Тетово, тим за спасување од јами од Прилеп и од Велес- тим за спасување од вода.
Како главен настан (недела 20.09.2020) беше изведена вежбата со комплексно сценарио во кое беа сублимирани тридневните вежби.
Покрај директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски, на главниот настан присуствуваа и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, г-дин Медат Куртовски и директорот на Национален парк Маврово, г-дин Самир Ајдини.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски, во оваа прилика изјави дека вежбата е успешно реализирана и дека ова е една од низата вежбовни активности кои во иднина ќе ги спроведе Дирекцијата за заштита и спасување на различни локации во државата и во присуство на повеќе тимови за брз одговор.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации