28/03/2024

Работна средба со претставниците на Канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Северна Македонија

Господин Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување денес оствари работна средба со мајор Нејтан Фрај, заменик на Шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка на САД и со  господин Игор Кралев, програм менаџер. На средбата се разговараше за досегашните активности во рамките на Иницијативата за цивилно-воена подготвеност за справување со катастрофи - ЦМЕП, но и за претстојните, кои  отпочнуваат од како Северна Македонија е полноправна членка на НАТО Алијансата.  Се разговараше и за  тековните проекти во рамки на програмата за Хумано деминирање на Европската Команда на САД. Директорот Максути подвлече дека Дирекцијата за заштита и спасување останува посветена на продолжување и унапредување на соработката со САД, како наш докажан стратешки партнер.