18/04/2024

Kоординативен состанок на Дирекцијата за заштита и спасување со претставниците од Армијата на РСМ и МВР

Во врска со пронајдените неексплодирани убојни средства при изведување на градежни работи на Градскиот стадион место викано „Под тумбе кафе“ во Битола,  на ден  01.12.20202, во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа координативен состанок со претставниците од Армијата на РСМ и МВР за организирање на активности за уништување на средствата.

Договорено е се сите подготвителни мерки и активности, согласно законските прописи и процедури за уништувањето на пронајдените гранати, на армискиот полигон во Криволак. Поради големото количество на неексплодираните средства Дирекцијата за заштита и спасување од Армијата побара поддршка за транспорт. 

Активноста ќе трае до уништување на сите неексплодирани убојни средства пронајдени и отстранети од локацијата.