28/03/2024

ИПА Програма за превенција од поплави и управување со ризици од шумски пожари за замјите од Западен Балкан и Турција

ИПА Програма за превенција од поплави и управување со ризици од шумски пожари за замјите од Западен Балкан и Турција

Почетен настан во Северна Македонија

3 март 2021 година

На 3 март, се одржа националниот настан за започнување на ИПА Програма за превенција од поплави и управување со ризици од шумски пожари за замјите од Западен Балкан и Турција (ИПА ФФ) во Северна Македонија. ИПА ФФ е нова 3-годишна иницијатива, финансирана од ЕУ.

Настанот, во коодинација на Дирекцијата за заштита и спасување, се одржа со претставниците од националните институции, задолжени за цивилна заштита во Северна Македонија, претставници на Генералниот директорат на Европската комисија за цивилна заштита и операции за хуманитарна помош (DG-ECHO), Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, партнери на конзорциумот ИПА ФФ и амбасадите на партнерите на конзорциумот ИПА ФФ во земјата.

 

Програмата ИПА ФФ претставува значајно продолжение на претходните иницијативи финансирани од ЕУ, насочени кон зајакнување на капацитетите за спречување и подготвеност за ризици од катастрофи во регионот и во Северна Македонија. „Ние ќе продолжиме во таа насока, да го усогласуваме нашето национално законодавство со ЕУ и да ги усвојуваме стандардите и практиките на ЕУ ... оваа е различна во смисла на вклучување на повеќе релевантни институции, не само на органите за цивилна заштита, кои исто така имаат надлежности во спречување, подготвеност и одговор на поплавите и пожарите“ рече г-дин Беким Максути, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија. Програмата е исто така уште еден чекор кон поттикнување на регионална соработка, споделување на најдобрите практики и понатамошно усогласување на системите на партнерските земји со законодавството на ЕУ за цивилна заштита. Г-дин Штефен Худолин, раководител на одделот за операции во делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, го забележа следното „Проектот не може да ги елиминира пожарите и поплавите, кои за жал се очекува да се зголемат по бројот на климатски промени, но се надевам дека ќе помогне да се развие поактивен пристап за минимизирање на нивните последици преку подобрување на управувањето со ризиците, политиките за превенција и подлабоко поттикнување и подобра прекугранична координација “.

Конзорциумот ИПА ФФ е предводен од Италијанскиот оддел за цивилна заштита како координатор, заедно со агенциите за цивилна заштита на Шведска, Словенија, Романија, Бригадата за противпожарна заштита и спасување на Моравско-шлезискиот регион на Чешката Република, Романскиот национален центар за управување со катастрофи и италијанската фондација ЦИМА.

Заради пандемијата со Ковид-19, овој настан, како и првата фаза од програмата, беше организирана виртуелно, претворајќи ја вонредната состојба во можност и гарантирајќи имплементација на активности за подобро спречување и одговор на ризиците во регионот.