28/03/2024

Формирано Оперативно тело во Дирекцијата за заштита и спасување

Во Дирекцијата за заштита и спасување поради сложените метеоролошки состојби, справувањето со пожари на отворен простор и други природни непогоди несреќи кои се очекуваат во наредниот период да ја зафатат територијата на Република Македонија, во функција на подршка на Главниот штаб за заштита и спасување и потребата за ангажирање на силите за заштита и спасување во справувањето со временските непогоди и природните несреќи, се формира Оперативно тело од времен карактер.

Оперативното тело има за задача да врши координција, спроведување на одлуки и насоки на Директорот, следење на состојбата со временските непогоди и други несреќи, анализа, преземање на конкретни оперативни активности и насочување на ресурсите на Дирекцијата за заштита и спасување во справувањето со временските непогоди и природни несреќи , за време на мандатот на истото.

Оперативно тело ќе функционира во временскиот период од 16.07.2018 година до 15.09.2018 година со работно време од 07:30 до 19:30 часотво зависност од потребите и состојбите на терен.