29/03/2024

Противпожарна опрема за ТППЕ Тетово, донација од Дирекцијата за заштита и спасување

Денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Bekim Maksuti со претставници на Дирекцијата имаа средба пожарникарите на ТППЕ Тетово, по повод доделување на нова сет противпожарна опрема донација од страна на Дирекцијата, со вредност од 20.000 евра. На средбата се разговараше за понатамошни активности и соработката помеѓу ТППЕ Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување.

„Опремата вредна од 20 илјади евра и овие средства се од буџетот на Дирекцијата кои се наменети за општините. Минатата година издвоивме донации за интервенции при тешки сообраќајни несреќи и земјотреси. Одвоивме и други средства за противпожарната бригада и се надевам ќе употребаат во различни ситуации. Како директор но и како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините и се подготвуваме да споделиме донација со опрема и возила и се надеваме дека до крајот на годината таа донација ќе биде реализирана“, изјави Bekim Maksuti, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.