25/04/2024

Oперативна обука во Пасау, Германија

Од 24-28.9.2018 година во Пасау, Германија, осум вработени од тимот за заштита и спасување од поплави, учествуваа на оперативна обука - НСР заедно со тимовите од земјите од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово),Турција и Тунис, како и членови од THW-Германија (German Federal Agency for Technical Relief).

Во мешани тимови се изведуваа повеќе активности:

- извлекување на вода од поплавени подрачја

- премостување на пречки (патишта, железничка пруга)

- употреба на прирачен алат и опрема

- заштита на објекти од поплави кои се од посебно значење

- подобрување на соработката помеѓу националните тимови од земјите учеснички на оваа обука и вежба.