25/04/2024

Дислоцирани мини од Втората светска војна


 Дирекцијата за заштита и спасување, на 11.10.2018 год. од локација кај спортската сала, блиску центарот во Крива Паланка, дислоцираше 4 парчиња минофрлачки мини од Втората светска војна, со калибар од 60мм.
Акцијата, по претходна дојава од страна на Полициската станица од општа надлежност – Крива Паланка, ја спроведоа пиротехничарот Гоце Илиќ од Подрачното одделение за заштита и спасување Куманово и неговиот помошник асистент Тони Велиновски од Подрачното одделение за заштита и спасување-Крива Паланка, кои ги дислоцираа овие неексплодирани убојни средства, ги транспортираа и ги складираа во наменскиот магацин во с.Проевци, Куманово.
Дирекцијата за заштита и спасување, и покрај лимитираните ресурси, продолжува најпрофесионално да ги извршува своите задачи за заштита и спасување на населението.