19/04/2024

Работилница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Европската канцеларија за поддршка на азил ЕАСО

На 18 и 19 октомври во х.Арка, Скопје, претставник од Дирекцијата за заштита и спасување учествуваше на третата работилница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Европската канцеларија за поддршка на азил ЕАСО, за Изготвување на План за вонредни (непредвидени)  ситуации.
На Работилницата имаше претставници и од Министерството за внатрешни работи-Гранична полиција, Министерството за труд и социјална политика, Секторот за давање азил, UNHCR, Црвен крст на РМ, Унијата на млади правнции и Центарот за управување со кризи.
На работилницата се зборуваше за т.н. Балканска рута и мигрантската криза која ја зафати Република Македонија. Странските претставници ги пренесоа заклучоците и искуствата од Шпанија,Италија,Франција и Белгија, со цел истите да бидат имплементирани и кај нас.
Странските претставници сите сугестии и насоки од учесниците ги преточи во Драфт план, за кој секоја институција најдоцна до 16.11.18 година треба да се произнесе.
До 27.11.2018 година ќе се изготви нова сумирана верзија на План,која ќе биде доставена до Влада на разгледување и потпишување.