28/03/2024

Kампања за „Намалување на заканите од поплави“

Дирекцијата за заштита и спасување од 1 Декември започна Kампања за „Намалување на заканите од поплави“  која ќе трае до месец Април  следната година. Истата е потпомогната од Град Скопје, скопските општини и општините низ цела Македонија.
Целта на оваа кампања е да ја запознае македонската јавност посебно во ризичните подрачја, како да се заштити во случај на оваа непогода.
Кампањата опфаќа и едуцирање на јавноста и запознавање со заканите од поплава преку директен контакт на штанд во централното градско подрачје и централните делови од Скопските општини и Републиката.
Паралелно со Кампањата, Дирекцијата за заштита и спасување континуирано води кампања за заштита од сите несреќи работејќи со најранливата категорија-децата во основните и средните училишта, преку спроведување едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита и спасување.