13/12/2024

Работна средба со директор на Глобалниот Центар за мониторинг на пожари, со седиште во Фрајбург, Германија

Денес во Дирекцијата за заштита и спасување се одржа работна средба помеѓу директорот Џафероски и г-дин д-р Јохан Георг Голдамер, директор на Глобалниот Центар за мониторинг на пожари, со седиште во Фрајбург, Германија. На состанокот присуствуваше и проф.д-р Никола Николов, претседател на ПП Сојузот на Македонија, а воедно и директор на Регионалниот центар за мониторинг на пожари во Скопје. На состанокот се разговараше за целта на воспоставувањето вакви центри и нивната улога во инкорпорирањето на научната и стручната фела, а заради унапредување на превенцијата и справувањето со пожарите.
Г-дин Џафероски искажа поддршка кон ваквиот пристап, како и отвореност за секаков вид соработка во интерес на безбедноста и заштитата на граѓаните. Ги запозна гостите со отпочнатите реформи на системот за заштита и спасување, пред се во измена на легислативата, што понатаму треба да резултира со воспоставување стабилен систем, во кој ПП заштитата е еден од клучните сегмент. Се разговараше и за претстојната работилница во организација на ОВСЕ и глобалниот и регионалниот центар за моноторинг на пожари, која ќе се одржи во Скопје од 17-19.12.2018, а на која, во делот за пожари на терени загадени со НУС и други експлозивни направи, ќе учествуваат претставници од Подрачното одделение за заштита и спасување од Струмица.