20/04/2024

Работна средба со директорот на Институтот за развој на заедницата (CDI), г-н Сретен Коцески

Уште на првиот работен ден во Новата 2019 година, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски оствари работна средба со директорот на Институтот за развој на заедницата (CDI), г-н Сретен Коцески.
Институтот веќе работи на програми и проекти за “Обука за прва помош во услови на непогода” и “Зајакнување на капацитетите на организации и институции и заштита и спасување на нивни вработени во услови на непогоди”.
На средбата стана збор за потпишување на “Меморандум за Соработка” и остварување на повеќе заеднички програмски активности во иднина.
ДЗС ќе пристапи  во реализација на проектите кои Институтот веќе ги има одобрено, а со тоа ќе се вклучат и дел од вработените, а  ќе се зајакнат инивните капацитети....
Во следниот период преку Соработката на други дополнителни активности двете институции заедно ќе се развиваат и напредуваат.