28/03/2024

Исчистен е патниот правец кон село Древеник

Во текот на вчерашниот ден 11.01.2019 исчистен е патниот правец кон село Древеник, со што е обезбедена нормална комуникација на жителите од селото. Чистењето го изврши ЈП Македонија Пат подружница Битола со своја механизација, со помош на РЕК Битола.
Целокупната активност е изведена во координација на Подрачното одделение за заштита и спасување-Битола, со што е отстранета и последната бариера за комуникација на населението на територијата на општината.
Останатите сообраќајници се исчистени и сообраќајот нормално се одвива. ДЗС и понатаму секаде ја прати ситуацијата со временските услови и делува таму каде што има потреба.