24/04/2024

Дирекцијата за заштита и спасување успешно ја дислоцира и уништи авионската бомба од Втората светска војна

Согласно процената на пиротехничарите за најбезбедно уништување на неексплодираните убојни средства, авионската бомба во петокот на 18.01.2019 година беше успешно дислоцирана од местото (стар пат с. Батинци) во 14:45 часот. Истата се транспортира на воениот полигон Криволак каде денес беше извршено нејзино уништување. Авионската бомба имаше тежина од 250 кг, широчина 40 см и должина од 120 см. Дирекцијата за заштита и спасување постапи и ги презеде сите активности за уништување на неексплодираните убојни средства согласно процедурите. Пронајдените парчиња НУС низ Републиката редовно ги подигаат пиротехничарите на ДЗС и ги складираат во засебни магацински простории каде се чуваат до нивното уништување, притоа грижејќи се за безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

Доколку граѓаните забележат или пронајдат НУС, Веднаш да пријават во најблиската полициска станица како би можело местото да се обезбеди и да се отстранат неексплодираните убојни средства.