28/03/2024

Меморандум за соработка со Градежниот факултет при УКИМ

Денес, на ден 18.2.2019, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-динот Аднан Џафероски заедно со професорите од катедрата за геотехника на Градежниот факултет при УКИМ, Јован Папиќ и Игор Пешевски, потпишаа Меморандум за соработка со цел да се постави основа за меѓусебна соработка со цел ефикасно спроведување на задачите и надлежностите утврдени со Закон.
Водени од заедничката заложба, интерес и основа за унапредување на соработката и стратешкото партнерство, се утврдија одредени области на соработка, односно да се имплементираат знаењата и вештините на Градежниот факултет во извршувањето на задачите на заштита и спасување, како и афирмацијата на потребата од вклучување на професионални знаења  во областите на животот каде луѓето се изложени на природни непогоди и други несреќи, како и унапредување  и заеднички настап во областа заштита и спасување од заеднички интерес.