29/03/2024

1 март - Меѓународниот ден за цивилна заштита

Во чест на 1ви март-Меѓународниот ден за цивилна заштита, денес Дирекцијата за заштита и спасување организираше Научно-Стручна трибина со наслов "Современ систем на цивилната заштита", со што потврди дека и во нашата земја постои организиран облик на заштита и спасување на населението и вработени со професионално легитимирачка компетентност.
Свое обраќање пред присутните за значењето на системот за заштита и спасување, имаа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-н Аднан Џафероски, министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, г-н Оливер Спасовски, деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Ратко Дуев, деканот на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево проф. д-р Неџад Корајлиќ, деканот на факултетот за безбедност ,Скопје проф. д-р Никола Дујовски и многу еминентни професори кои говореа на поврзани теми.
Поради се почестите природни и техничко-технолошки катастрофи, системот за заштита и спасување е од посебен интерес за Република Северна Македонија.
Дирекцијата за заштита и спасување во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден за цивилна заштита, оваа година настојуваше да го нагласи значењето на овој ден.Затоа, во соработка со академската заедница одлучи да отвори една поширока расправа за образовните аспекти на заштитата и спасувањето, за потребата од намалувањето на ризици од катастрофи и отпорност на заедниците кон катастрофи и прашањето за заштита на критична инфраструктура.
Колку повеќе како општество сме информирани за значењето на заштитата и спасувањето, толку повеќе ќе бидеме подготвени за превенција, а помалку ќе се соочуваме со последиците од катастрофи.