28/03/2024

IPA DRAM и DPPI SEE работилница - Љубљана - Словенија

Вработените од дирекцијата за заштита и спасување Ивана Трипуновска и Горан Андов беа учесници на заедничката IPA DRAM и DPPI SEE работилница од 12 до 14.03.2019 во Љубљана Република Словенија каде што беше разговарано за одржливоста и ресурсите на државите.Целта на оваа заедничка работилница беше анализата на DPPI SEE за да се продолжи со работата на IPA DRAM на која модератор и експерт за мониторинг и проценка на IPA DRAM беше Гонзало Делгадо Гарсија од MSB Шведска.Во оваа работилница учество земаа и експерти од Република Словенија, Турција Романија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Италија.Резултатите ќе бидат презентирани на повисоко ниво на следниот регионален состанок на DPPI SEE во Тирана во Април.