19/04/2024

Дирекцијата за заштита и спасување во период од 23 – 27.04.2018г. беше организатор на курсот за безбедност под покровителство на механизмот на цивилната заштита на Европската унија

Дирекцијата за заштита и спасување во период од 23 – 27.04.2018г. беше организатор на курсот за безбедност под покровителство на механизмот на цивилната заштита на Европската унија.

Курсот по безбедност се одржа во Струга во хотелот Солферино (Црвен Крст на РМ), и на овој курс преставниците од 14 држави имаа можност да научат како да менаџираат и изнаоѓаат решенија поврзани од аспект на безбедноста на меѓународни мисии кои се под заштита на Механизмот на цивилната заштита на Европската Унија.

Конзорциумот составен од Данската агенција за справување со вондредни ситуации, Шведската агенција за вондредни ситуации и Естонската цивилна заштита кој и дадоа шанса на Дирекцијата за заштита и спасување да ја организира оваа обукаа и тренерите кои актвно ги обучуваа учесниците, предложија и понатомошна соработка во делот на организирање на курсеви по безбедност во календарските 2019 и 2020 година.