18/04/2024

Подготовки за тактичко-показна вежба за заштита и спасување ВИТАЧЕВО 2019

На ден 15.05.2019 екипа од Центарот на обука на ДЗС И претставници од менаџментот на ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ одржаа работна средба и подготовки во Кавадарци по повод организирањето и спроведувањето на тактичко-показна вежба за заштита и спасување ВИТАЧЕВО 2019, притоа е извршено командирско извидување на теренот на висорамнината Витачево при сто се утврдени позициите, работните точки и другите потребни ресурси за тимовите и екипите -учесниците на оваа везба. Вежбата ќе се одржи на ден 22.05.2019(среда) и на неа ќе учествуваат околу 70 вработени од ЈП Македонски суми во состав на подружниците со користење на противпожарните возила.