19/04/2024

УХМР достави соопштение до Дирекцијата за заштита и спасување дека наредниот период се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд

УХМР достави соопштение до Дирекцијата за заштита и спасување дека наредниот период се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, кои во попладневните часови може да бидат поројни. Оваа состојба се очекува да трае до четврток (20.6.2019), а, поради најавените високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град. За таа цел, Дирекцијата за заштита и спасување ги известува сите подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање на мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности. ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.