19/04/2024

Меѓународна летна школа

Денес на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево започна Меѓународната летна школа на која што директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г- н Аднан Џафероски имаше предавање на тема "Превенција од ризици во урбани средини".
Дирекцијата за заштита и спасување на оваа школа учествува со свој тим кој по завршувањето на теоретските предавања и практичните вежби ќе се стекне со нови и стручни знаења во областа на превенција на ризици, кризно планирање, управување со кризи, безбедност на урбани средини и други теми од областа на заштитата и спасувањето.