28/03/2024

Конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ лица

На 27.06 и 28.06.2019 год. координаторката за еднакви можности на Дирекцијата за заштита и спасување присуствуваше на дводневната конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата. Конференцијата беше организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Советот на Европа, ЕРА, Министерството за надворешни работи на Норвешка и други владини и НВО организации. На конференцијата имаа свое обраќање и тројцата министри, г-ѓа Мила Царовска, г-дин Оливер Спасовски и г-дин Венко Филипче, во знак на поддршка на првата конференција од ваков карактер во државата. На крајот од конференцијата се промовираше Регионалната декларација за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата на регионално ниво и Регионалниот и Национален акциски план.