28/03/2024

ДЗС прва на терен за санирање на штетите од невремето во Преспа

Во средата во попладневните часови се случи големо невреме во Преспанскиот регион, посебно Долна Преспа, која беше зафатена со силен ветер, дожд и град. Најстрашна беше состојбата во Авто кампот Крани, каде дрвја беа откорнати од корен, а некои беа паднати и врз камп приколки. Дирекцијата за заштита и спасување како надлежна институција во вакви вонредни ситуации, заедно со Локалната самоуправа на општина Ресен , излезе прва на терен заедно со свои тимови. Првиот чекор на акцијата беше да се види дали во камп-населбата има заробено луѓе. Откако се установи дека нема такви проблеми, се продолжи со првата фаза од расчистување на теренот со цел нормално функционирање на камперите. Акцијата траеше до раните утрински часови. Вчера утрото се приклучија нови екипи на ДЗС, со човечки и материјално технички средтсва , кои заедно со единиците на Локалната самоуправа и други интитуции продолжија со расчистување на последиците од невремето. Од првиот момент на лице место заедно со своите тимови е и директорот на ДЗС, г-н Аднан Џафероски кој ја координира акцијата уште од првите моменти после невремето. "Треба да бидеме среќни затоа што нема повредени, ниту жртви.Материјалните штети ќе се надоместат, животите не се враќаат."- рече директорот Џафероски, надевајќи се на брза санација и надминување на овој проблем.