28/03/2024

О Д Л У К А за избор на кандидат по основ на вработување на определено време

Врз основа на член 49 став 2 и 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ( „Сл.весник на РМ„ бр.58/00,44/2002,82/08,167/10, и 51/11) ) и член 21 од Законот за работни односи (" Сл.весник на Р.М "бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09,130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12 , 13/13 и 25/13, Пречистен текст бр.167/15, 27/16, 120/18)  а во врска со објавениот Јавен оглас во дневните огласи ,,Слободен печат,, и ,, Лајм,, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, ја донесе следната

О Д Л У К А

за избор на кандидат  по основ на вработување на определено време

Викторија Андоноска, врз основа на огласот објавен на ден 09.07.2019 година во дневните весници ,,Слободен  печат,, и ,, Лајм,  се вработува во Дирекција за заштита и спасување на работно место Советник – одговорен сметководител, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања.

По потпишување на Одлуката за извршен избор директорот на Дирекција за заштита и спасување ќе потпише Договор за вработување на определено време на именуваното лице во Дирекција за заштита и спасување.

Образложение

По добивањето на согласноста од Министерството за финансии за вработување на 2 извршители на определено време Дирекција за заштита и спасување  на ден 09.07.2019 година објави оглас за вработување на 2 извршители на определено време (31.12.2019 година). По разгледување на апликациите  на пријавените кандидати за објавените работни места по огласот за спроведување постапка за засновање на работен однос на определено време, Комисијата за селекција направи увид и проверка на документацијата на кандитатите согласно општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Дирекција за заштита и спасување и констатира Записник бр. 04-2031/5 од 07.02.2019 година. Комисијата за спроведување на постапката за вработување на определено време и селекција направи интервју на ден 16.07.2019 година со кандидатите кои ги исполнуваа предвидените услови.

Врз основа на доставениот Записник и направеното интервју од страна на Комисијата за спроведување на постапката и селекција на кандидати, Директорот на Дирекција за заштита и спасување го избра кандидатот Викторија Андоноска на работно место  Советник – одговорен сметководител, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања.

 

                                                                                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                                                                        Аднан Џафероски