Weekly News

19/07/2019

Интерактивно оперативна вежба за заштита и спасување "ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019"


На ден 19.07.2019(петок) година одржана е интерактивно оперативна вежба за заштита и спасување “ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019” во регионот на с. Миладиновци ,с. Петровец ,с. Бунарџик -индустриска зона- . Вежбата беше под организација и мониторинг на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување ,а учество во неа земаа: Дирекцијата за заштита и спасување,Министерство за внатрешни работи –МВР,ЦУК на РСМ,ОКТА АД Скопје,ТПП Бригада на Град Скопје,ТППЕ Куманово,Макпетрол АД Скопје,Клиничка болница Аџибадем Систина,ТАВ Македонија,ЈП Национални шуми,ЈП Македонски железници ИНФРА СТРУКТУРА– СКОПЈЕ ,Македонски железници АД ТРАНСПОРТ –СКОПЈЕ,ЕЛС -Град Скопје,ЕЛС- Општина Илинден,РО на Црвениот крст на Македонија,Здружение на граѓани ПГД АВА КОТА 1050 Новаци,Одделение за специјализирани услуги со вoздухоплови на ДЗС,Алкалоид АД Скопје. Според сценариото испланирана беше инцидентна состојба со цел да се направи тест на севкупниот систем за заштита и спасување и кризен менаџмент. Сценариото за вежбата беше изработено од тим од Центарот за обука од Дирекцијата за заштита и спасување и тим од противпожарната единица од ОКТА АД Скопје и вклучуваше екстремна ситуација на неколку сценарија со повеќекратни пожари, експлозии и опасност по луѓето и материјалните добра. Спроведувањето на вежбата како заеднички одговор покажа дека реакцијата на специјализираните и универзалните единици е координирана и подготвена да одговори на слични ситуации. Овој тип вежби е доста важен поради заштита на човечки животи материјални добра и животна средина. Интерактивната вежба беше проследена од највисоко државно ниво, во кругот на ОКТА, каде што беа присутни Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски и Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски,претставници од дипломатскиот кор како и стручната и експертска јавност. Сите учесници дадоа максимален придонес во организацијата на вежбата и учествуваа со постоечките и соодветни ресурси со кои располагаат ,за да вежбата добие вистинска целина, за што како Дирекција за заштита и спасување сме посебно благодарни. Директорот на Дирекција за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски ги подржува и поздравува овој тип на активности.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации