28/03/2024

Работна средба со Полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Северна Македонија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски, денес 25.10.2019 (петок) оствари работна средба со Полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Северна Македонија. Ова е прва иницијална средба на која Полковникот Јанковиќ беше информиран за Дирекцијата за заштита и спасување, нејзината структура, поставеност и надлежности, како и за досегашната соработка со НАТО која во моментов се одвива во рамките на Индивидуалната Партнерска Програма ПАРП.
На средбата се разговараше и за вежбата на НАТО која е планирана да се одржи во 2020 година.