29/03/2024

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (две) ЛИЦА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст),  и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година, бр. 01-277/9 од 09.10.2019 година, бр. 01-277/12 од 01.11.2019 година објавува:

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ  ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 ( две ) ЛИЦА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ  

 

 

 

  1. ДЗС0210В01000, Инспектор за заштита и спасување, Одделение за инспекциски надзор, Сектор за Генерален инспектор, 2 (двајца) извршители.

 

Посебни услови:

  • Образование: машинство или индустриско инженерство и менаџмент, воено – технички науки, правни науки, одбрана, физика, гтехнологија на прехрамбени производи, хемиска технологија, сообраќај и транспорт, економски науки, текстилна технологија, електротехника, компјутерска техника и информатика, машинство, географија, градежништво и водостопанство и други технички науки
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI А според Националната рамка на високо – образовните квалификации и стекнати најмалку 180 до 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 6 (шест) години работно искуство во заштита и спасување, од кои најмалку 2 (две) години во државна служба

 

 

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми .

 

Паричен износ на плата: 23.700,00денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно балансерот на  годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанции)

 

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оригинал

5.Доказ за познавање на јазик

6.Доказ за работно искуство АВРМ и ПИОМ

7.Доказ дека има 6 години работно искуство во заштита и спасување.

8.Доказ за познавање на компјутерски програми/ оригинал или копија нотарска заверка верно на оригинал

9.Биографија ,

II. Распоред на работно време: Работни часови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот,  работни денови: од понеделник до петок.

           Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)

Пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е осум (8) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)

Изборот на кандидатите  ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраните кандидати ќе се спроведе интервју и склучи договор за вработување на неопределено време .

 

                                                                                                ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                                                       Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                                 АДНАН ЏАФЕРОСКИ