29/03/2024

Престојната NATO EADRCC вежба "Северна Македонија 2021"

Во рамките на престојната  NATO EADRCC вежба "Северна Македонија 2021", се одржа 3 дневна работилница (09-11.09.2020) во Струга.  Покрај престставниците на Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на други релевантни институции од безбедносниот систем, на работилницата присуствуваше и директорот на ДЗС, г-дин Аднан Џафероски. Директорот  го изрази своето задоволство од учеството на Дирекцијата за заштита и спасување на една ваква сериозна вежба,  потенцирајќи ја важноста на членството на Република Северна Македонија во НАТО, за безбедносниот систем на нашата држава.