23/04/2024

Јавен оглас IT Aдминистратор

Ј А В Е Н  О Г Л А С

За ангажирање  на ИТ Администратор за огласот кликни  тука 

 

Дирекција за заштита и спасување“ како имплементатор на проектот „Развој и имплементација на паметен и одржлив интегриран систем за управување со шумски пожари (DISSIWMS)    

"Development and implementation of smart and sustainable integrated forest fire management system (DISSIWMS) , According to the Agreement no: IPA/2021/429-391  објавува:

 

 

Ј А В Е Н  О Г Л А С

За ангажирање  на ИТ Администратор

I. КВАЛИФИКАЦИИ:


 
  •  Образование – компјутерски науки/информатика-завршен факултет (или телекомуникациски студии ИТ Академија)
  • Управување со бази на податоци MySQL,
  • Добро познавања на Microsoft сервери (креирање корисници, маилови, споделување фолдери и друго).
  • Познавање хардвер и оперативни системи
  • Изработка на Веб Проекти во PHP и Wordpress
  • Познавања на мрежна опрема и рутери (Cisco, pfSense, Mikrotik)
  • Добро познавање на Microsoft Office пакетот
  • Солидно познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  • Солидни оргaнизациски и комуникациски способности
  • Способност за тимска работа и решавање на проблеми
  • Со работно искуство од минимум 3 години во ИТ сектор на иста или слична позиција која ги опфаќа задачите наведени во „II Опис на работни задачи“

​ II. ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

 

  • Манаџирање со инвентар од ИТ опрема (документација, лагер, нови технологии) 
  • Имплементација на ИТ решенија или поддршка на истото преку интернет
  • Мрежно поврзување и далечинско решавање на проблеми
  • Инсталација на компјутерски уреди и нивно техничко оддржување
  • Администрирање на компјутерски мрежи, комуникација со клиенти, техничка поддршка на терен и преку телефон  
  • Превземање на зададените инструкции од претпоставениот и комплетирање нa задачите во дадените рокови.
  • Да дава техничка поддршка на стручните експерти при спроведувањето на активностите
  • Редовно и навремено да комуницира со останатите партнери во проектот

III. Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документи

 

 

-Кратка биографија (CV)

-Уверение за завршено соодветно образование

- Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на веб страната на „Дирекцијата за заштита и спасување“

- Ненавремената, нецелосната, и неуредната документација нема да бида предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати

- Доколку сте заинтересирани, ве молиме да ги испратите вашата професионална биографија и мотивационо писмо на македонски и англиски јазик преку пошта до  „Дирекција за заштита и спасување“,ул:Васко Карангелески, 1000 Сkопје или на е-маил адресата: sevganija.ibrahimi@dzs.gov.mk., со назнака „ИТ Администратор” за проект „Развој и имплементација на паметен и одржлив интегриран систем за управување со шумски пожари”