29/03/2024

Дополнителна обука на просторните сили за заштита и спасување на ОКТА АД Скопје

На ден 21 и 22.08.2018 година се одржа дополнителна обука на просторните сили за заштита и спасување на ОКТА АД Скопје, со која се опфатени 45 вработени од компанијата.

Планот за подготовки за спроведување на дополнителна обука опфати мерки, постапки и активности на Одделението за обука, во рамките на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување за организирање и спроведување на дополнителна обука на Просторните сили на ОКТА АД Скопје. Обуката опфати организирање и спроведување обука во траење од 2 дена на Универзалната единица за заштита и спасување на ОКТА АД Скопје.

Улогата на одделението за обука беше планирање,организирање и спроведување на дополнителна обука за заштита и спасување со акцент на мерките за Противпожарна заштита и Евакуација на вработените и функционирањето во услови на природни непогоди и други несреќи на ОКТА АД Скопје врз основа на Елаборат за обука изработен од Одделението за обука, согласно наставните планови и програми за обучување за заштита и спасување на Дирекцијата за заштита и спасување.