29/03/2024

Продолжуваат активностите од меѓународен карактер на Дирекцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување континуирано и засилено продолжува со своите меѓународни активности со што наредниот период ќе присуствува на две меѓународни вежби кои ќе придонесат за развој и напредок на работата во Дирекцијата. -од 25-28 Септември 2018 во областа Лвив, Украина, ДЗС учествува на меѓународна теренска вежба за хемиски, нуклеарни,биолошки,радиолошки и нуклеарни несреќи,хемиски воени агенси и токсини и радиолошки материјали. На вежбата ќе учествува г-н Горанчо Наунчев, тим лидер на тимот за хемиски несреќи во ПОЗС Велес. -од 23-25 октомври 2018 во Мадрид,Шпанија, ДЗС ќе учествува на меѓународна теренска вежба со симулација на поплава предизвикана од пороен дожд по течението на реката Јарама и симулација на пукање на неколку брани,кои би можеле да имаат последица врз населението,индустријата и инфраструктурата. На оваа вежба ќе учествува г-н Живко Ставревски, помошник генерален инспектор во ДЗС. Двете вежби се организираат во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. ДЗС изразува поддршка и активно учество во вакви проекти и во иднина.