Граѓански дневник

Иницијативата “Граѓански дневник“ е одговор на барањето за решавање на проблемите со кои се среќаваат граѓаните во секојдневната, интеракција со организациите или институциите кои обезбедуваат јавни услуги.


Концептот на Граѓански дневник ја негува довербата помеѓу оние кои ги даваат услугите и корисниците. Тој има за цел да ги претстави мерливо стандардите на услугите, добиени преку консултации меѓу службениците и корисниците на услугите.


Дневникот претставува декларација со која органот/ите јавно се обврзуваат кон јавноста за стандардите на услугите кои ги даваат и едновремено им овозможува на граѓаните пристап до услугите кои нив лично ги засегаат и можност за оценка на дадените услуги која претставува алатка за мерливост на успешноста на органите во секој индивидуален случај.


Граѓанскиот дневник е израз на разбирање меѓу граѓаните и давателите на услуги со почит во однос на квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат како размена со данокот кој го плаќаат. Во суштина се работи за правата на јавноста и обврските на јавните службеници. Бидејќи јавните служби се финансирани од граѓаните, директно или индиректно преку даноци, тие имаат право да очекуваат одреден квалитет на услугите кој би одговарал на нивните потреби и истите се обезбедуваат ефикасно со разумно чинење. Граѓанскиот дневник е пишана декларација од давателите на услуги во врска со стандардите на услугите, изборот, достапноста, не дискриминацијата, транспарентноста и одговорноста. Тој треба да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Затоа, тоа претставува корисен начин за дефинирање на природата на начелата на услугите и експлицитните стандарди во давање на самите услуги.


Преземете го Граѓанскиот дневник ТУКА