Упатства

Упатства за граѓаните

Современите услови на живеење и работа како и се поактуелните климатски промени се причина за секојдневните закани од природни непогоди и други несреќи кои осетно ја нарушуваат рамнотежата во природата и го загрозуваат животот на граѓаните, нивните имоти и животната средина.

Природните непогоди како што се: земјотерсите, поплавите, лизгање на земјиштето, снежните наноси, лавините, голомразицата, градот и сушата како и другите несреќи и тоа: пожарите, сообраќајните несреќи во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, несреќите во рудници, индустриските несреќи предизвикани од експлозии и други техничко технолошки причини, паѓањето на радиоактивни врнежи, прашина и талози, излевањето на нафта и нафтени деривати и други отровни хемикалии, експлозиите на гасови, запалливи течности и др. зарзани материи кои би предизвикале масовни заразни заболувања се предизвици од кои треба постојано да планираме како да се заштитиме посебно ако се знае да:

  • до непогодите/несреќите доаѓа изненадно, и често во серии;
  • непогодите/несреќите се доста непредвидливи, со оглед на местото, време и локација;
  • имаат доста специфичности, со оглед на можноста на настанување и обемот на последиците по луѓето и животната средина;
  • доста често и покрај запирање на процесот, санирањето на последиците е отежнато и бара долгорочно планирање.

Поради тоа е неопходна навремена и ефикасна превентивна припрема и подготвеност за спроведување на мерките за заштита и спасување а тоа е и предуслов за спречување на настанувањето или за ублажување на последиците од природните непогоди и други несреќи.

Во таа насока еден од начините за обучување и оспособување на граѓаните се Упатствата за граѓаните за секоја опасност и тоа:

  • Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси; Земјотреси.pdf
  • Упатство за самозаштита на граѓаните при несреќи предизвикани од опасни материи;
  • Упатство за самозаштита на граѓаните за прва помош; 
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од пожари; Пожари.pdf
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од поплави; Поплави.pdf
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од неексплодирани убојни средства (НУС); 1.NUS mk+al_1665656964.pdf
  • Упатство за стандардни оперативни процедури за прв одговор при Радиолошки, Хемиски и Биолошки инцидент; 
  • Упатство Како да се заштитиме од Мајмунски сипанци: -Мајмунски сипаници.pdf