02/10/2022

Вежба за евакуација на пациенти,повредени,персонал и посетители - годишна програма за обука на ДППИ ЈИЕ

Во период од 21-24 јуни 2018 година, Дирекцијата за заштита и спасување, во рамките на годишната програма зз обука за 2018 година на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи на земјите од ЈИЕ, ДППИ ЈИЕ, ќе организира работилница и вежба за евакуација на пациенти, повредени, персонал и посетители во случај на земјотрес, од приватната здравствена установа "Аџи Бадем Систина" во Скопје. Активноста ќе биде реализирана во координација со вработените на болницата и на истата ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија, Бугарија, Турција и Македонија.