19/04/2024

40 - регионален online состанок со земјите ЈИЕ-ДППИ ЈИЕ

На 02.12.2020 година, преку online платформата WebEx, се одржа 40. регионален состанок на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за земјите од ЈИЕ-ДППИ ЈИЕ. Акцент беше ставен врз активностите на цивилната заштита во регионот, во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и, при тоа научените лекции. Секретаријатот  на ДППИ ЈИЕ реферираше за усвоениот план за стратешки развој на Иницијативата за период 2021-2025, за финансискиот извештај за 2020 и за реализираните активност во програмата за обуки. Понатаму, Република Бугарија, како претседавач со ДППИ  ЈИЕ за 2021 година, го презентираше Годишниот план за работа за следната година.

Секретаријатот даде осврт врз планираниот буџет и активностите предвидени за 2021.

На крај, државите членки го презентираа статусот со Договорот на државата домаќин со кој се регулира статусот на ДППИ ЈИЕ во Босна и Херцеговина.

Оваа година се одбележува 20 - годишнината од постоењето на ДППИ ЈИЕ, за што се подготвува приходно видео, кое наскоро ќе биде споделено.