Logo

20/01/2021

Хуманитарна помош од Република Чешка


Денес, преку Европскиот Механизам за цивилна заштита пристигна хуманитарна помош од Република Чешка, која се состоеше од: 108000 хируршки маски, 18000 маски тип FFP2/N95 и 5000 медицински наметки.
 
Да се биде пријател и партнер кога е најпотребно, значи несебично да споделуваш.  А со делење, се зголемуваат искуства и знаење, се зајакнува соработката и  пријателствата.

“Европскиот Механизам за цивилна заштита останува мост преку кој меѓусебно се поврзуваме и кој ни овозможува да ги надминеме сите разлики, а сé во интерес на взаемна помош и поддршка, на зајакнување на превенцијата и подготвеноста како и на капацитетите за справување со сите современи предизвици, познати, но и нови, како што е оваа глобална пандемија“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин. Беким Максути.

Дирекцијата за заштита и спасување, како национален авторитет кој ги координира активностите поврзани со Европскиот Механизмот за цивилна заштита, ги стави на располагање своите ресурси и, во соработка со релевантните институции, ги презема сите потребни мерки за приемот и дистрибуцијата на хуманитарна помош да се одвива непречено. 

Инаку на денешното примопредавање, покрај Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Беким Максути, присуствуваа и Вицепремиерот за Европски прашање, 
г-дин Никола Димитров, Амбасадорот на Република Чешка Н.Е. г-дин Мирослав Томан и неговиот заменик г-дин Лубомир Пшенка.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации