19/04/2024

Тимови за брз одговор заминаа за Р. Турција

Денеска во раните утрински часови Тимовите за брз одговор од Дирекцијата за заштита и спасување ги извршија последните подговтовки пред да заминат за Република Турција.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Bekim Maksuti ги испрати тимовите во состав од 39 обучени и опремени спасувачи  кои тргнаа кон Турција каде треба да помагаат во спасување на преживеани од под урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата.

Со тимовите за спасување под урнатини замина и зам. Директорот на Диркецијата г-дин Зулфиќар Зејнулаи кој ќе биде дел од ова спасувачка мисија. Тимовите се комплетно опремени со средства за пребарување со 10 возила за транспорт на опремата и луѓето. Дел од тимот се и Противпожарното Доброволно Друштво “Бајрам Мифтари“ од Чаир, Скопје.