16/04/2024

Работна средба со Н.Е. г-ѓа Sofia Philippidou, Амбасадор на Р. Грција во С. Македонија

 

Денес Директорот на ДЗС, г-дин Bekim Maksuti, оствари работна средба со Н.Е. г-ѓа Sofia Philippidou, Амбасадор на Р. Грција во С. Македонија. На истата се разговараше за досегашната билатерална, но и соработката во рамките на проекти и други иницијативи. Амбасадорката се интересираше за нашата институција, нејзината организациска поставеност и надлежностите. Воедно, ја изрази својата подготвеност да ги поддржи натамошните взаемни активности во рамките на цивилната заштита. Д-р Maksuti потенцираше дека противпожарната заштита, но и деминирањето се области на кои треба да им се посвети внимание, со обзир на нивната актуелност во регионот. Отворена е можност за организирање заедничка теренска вежба за справување со пожари, пред почетокот на летната сезона. Средбата заврши со изразувањето задоволство за досегашната успешна соработка, но и за посветеноста кон натамошно унапредување на истата.
🇲🇰🇬🇷