19/04/2024

Започна и претпоследениот ден од Peer Review во ДЗС

Претпоследениот ден од Peer Review скринингот во Дирекцијата за заштита и спасување започна со состанок на ЕУ тимот и Секторот за оператива и логистика при ДЗС.На состанокот беа присутни одделението за организациски мобилизациски работи,одделението за планирање,организирање и спроведување на операции и логистичко обезбедување,одделението за специјализирани услуги со воздухоплови и подрачните одделенија за заштита и спасување,вкупно 35,со посета на подрачното одделение во општина Гази Баба Скопје.
На состаноците се дискутираше за воспоставување на систем на операции на силите за заштита и спасување,за воздушна поддршка против шумски пожари,за процесот на мобилизација на силите, за брзата реакција на силите за брз одговор и др.